Во тек е акција на МВР во Куманово, која се одвива по претходно добиени оперативни сознанија дека во тој дел од градот има вооружена група, потврди помошник министерот за односи со јавноста Иво Котевски за „Република“.
Котевски додаде дека во моментов нема борби меѓу меѓу полицијата и вооружени групи во било кој град или село.
– Операцијата на полицијата започна во раните утрински часови, по информации за движење на вооружените групи во тој дел на Куманово – изјавил Котевски.
Акцијата, се уште трае и до нејзиното завршување нема да може да се дадат информации за можните жртви, повредени или уапсени. МВР ќе ги соопшти сите детали по завршувањето на акцијата.
Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни. Од итна помош информираат дека имаат две екипи на терен во тој дел од градот, но и тие немаат детални информации за евентуални повредени лица.
Граѓаните на Куманово велат дека пукотниците завшиле, а во градот се распоредени голем дел на полициски сили.
Истрели од рафално оружје, звук на хеликоптери ги возменирија кумановци од четири часот утрово. Најмногу се слушаат во „Дива Населба“, но и во речиси целата зона во тој дел од градот. Вработените од фирмите кои се лоцирани во западниот дел од градот биле вратени, бидејќи улиците се затворени. Граѓаните оттаму велат дека полиција има на секој чекор и дел од улиците во градот затврени се за сообраќај особено во деловите „Поток Серава“ и „Чик“.Неколку часа се слушаат пукотници, рафални стрелби. Над тој дел од градот,се уште кружи и хеликиоптер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.