Еве што мислат слободните мажи на темата: „Што точно ве привлекува кај жените?“
20 годишните
Секс и надворешен изглед. Колку повеќе жени имаат во својата колекција освоени трофеи толку подобро. И се разбира тие треба да се убави за да можат да бидат претставени во неговото машко друштво односно уште неколку поени плус за неговото его и самодоверба. Овие мажи не се стремат кон сериозни врски – тие сметаат дека им е рано за создавање семејство. Накај 30-ет годишна возраст после редица неуспеси со привлечни, но глупави и меркантилни девојки настапува промена – мажите сваќаат дека изгледот не е се…
30 годишните – стабилност
На оваа годишна возраст мажите почнуваат да размислуваат за семејство и ја согледуваат неопходноста од дом и дека е време да создадат пород. Тие ги перцепираат жените веќе на друг начин. После периодот на сексуални експерименти тие бараат жена соодветна за сопруга и мајка. Овие мажи знаат дека нема да го поминат целиот живот во кревет. За да го освоите треба да му понудите многу повеќе од добар физички изглед!
40 годишните
На 40 и сеуште неоженет? Тој е или премногу приврзан кон мајка му или премногу време посветил на кариерата. Тој има добра кариера но се чувствува ужасно осамен зошто нема со кого да го сподели својот успех.
На овие мажи им треба жена што може да се грижи за нив и со која ќе се чувствуваат добро. Кога се запознаваат со жена 40-ет годишните обрнуваат внимание на изгледот, но ако приметат дека нема место за сериозна и стабилна врска брзо губат интерес. Тие сакаат да се со жени кои се смеат на нивните шеги и ги споделуваат нивните интереси, кои ќе се грижат за нив и кои исто така имаат потреба од внимание. Веќе не станува збор да се најде само љубовница или сопруга, но и пријател. Во спротивно за него ќе бидете краткотрајна авантура односно задоволување на неговите сексуални потреби.
Знаејќи ги основните карактеристики и потреби на мажите од различните возрасни групи е многу полесно да се изгради однос врз основа на фактите. Исто така ќе знаете што да очекувате од мажот според возрасната група на која припаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.