| четврток, 6 декември 2018 |

По трагедијата, Каналис повторно бремена

Една од многубројните поранешни девојки на Џорџ Клуни го чека своето прво дете со сопругот Брајан Пери.

Водителката, Елизабет Каналис (36) среќната вест за новиот член во семејството ја објави на „Инстаграм“. Таа откри дека ќе добие девојче и им се заблагодари на обожавателите што ѝ даваа поддршка, откако во јуни минатата година го загуби бебето.

– Толку многу сум среќна што можам да го поделам овој момент со сите вас. Минатата година ми дадовте многу љубов, ви благодарам на тоа. Сега не знам како ова да го кажам. Чекам девојче. Се надевам дека сè ќе биде во ред – рече таа.

Елизабет и Брајан се венчаа минатиот септември во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top