| четврток, 6 декември 2018 |

Гинекологија, гастро и пулмологија најчисти, според истражување на МЗ

гине

Пациентите на клиниките за гинекологија и aкушерство, гастроентерохепатологија и пулмологија и алергологија се најзадоволни од хигиената во тие јавни здравствени установи, покажуваат резултатите од истражувањето на Министерството за здравство за задоволството на пациентите во јавното здравство, спроведено изминатиот месец.

Во истражувањето како еден од индикаторите за мерење на задоволството на пациентите беше опфатена хигиената во јавните здравствени установи. Во овој сегмент се бележи пораст на задоволството на пациентите, во споредба со истражувањето спроведено во 2013 година, особено кај анкетираните пациенти во рамки на универзитетските клиники, соопшти Министерството за здравство

Највисок процент пациенти кои се задоволни од хигиената е евидентиран во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (96 отсто), потоа следат Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија (95 отсто) и Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија (93,3 отсто).

Истражувањето е спроведено во форма на теренска анкета во 21 универзитетска клиника, 15 болници во повеќе градови низ државата и 32 здравствени домови, со што се опфатени вкупно 6.300 испитаници.

Согласно Законот за здравствената заштита, Министерството за здравство има обврска да спроведе анонимни анкети за задоволство на пациентите два пати годишно, а испитувањето на задоволството на пациентите е фокусирано на два општи сегменти – квалитетни услови во јавните здравствени установи и хоспитална култура во јавното здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top