| четврток, 6 декември 2018 |

РТС со осуда за нападот врз уредничката на „Вечер“ (видео)

rts
Еден ден по нередите во Скопје се пребројуваат повредените и уапсените, а страните во судирот меѓусебно се обвинуваат за инцидентите, јави синоќа РТС. Телевизијата наведе дека во две болници, според нивните информации, се згрижени 20 полицајци, од кои 6 се задржани, а се приведени 30 лица.

– Вечерва, на новиот протест на опозицијата, поради силното полициско присуство немаше поголеми нереди, но имаше инциденти. Демонстрантите ја нападнаа екипата на ТВ „Сител“ и колешката Ивона Талевска, која пред тоа, за нашата телевизија го направи следниов прилог, јави РТС.
Осуда за нападот стигна и од колегите и новинарските здруженија, а осуда за нападот и поддршка да се продолжи со професионалното работење дадоа и преставници на државниот врв во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top