| четврток, 6 декември 2018 |

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди нападите врз новинари

медиуми

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува физичките напади врз главната уредничка на весникот “Вечер“ и снимателите на ТВ Сител и кршењето на просториите на Радио Слободна Македонија.

-Во контекст на настаните од последниве денови, Агенцијата повикува да се почитува правото на медиумските работници слободно и непречено да ги извршуваат своите професионални обврски со оглед на тоа што слободата на информирање и правото на слободен прием и пренесување на информации се едни од темелните вредности на едно демократско општество- стои во нивното соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top