| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ запре финансирање на романски проекти во вредност од една милијарда евра

понта
Романскиот премиер Виктор Понта изјави дека Европската унија запрела финансирање во висина од 1 милијарда евра за романски проекти поради тврдења за корупција и нерегуларности.

Понта изјави дека има „голем проблем“ со жалбите, кои се истражуваат автоматски од ПЛАФ, служба, која ги разгледува измамите со буџетот на ЕУ.

Романскиот премиер посочи дека ако постои сомнение за конкретен случај, тој се запира и ние не можеме да бараме пари од ЕУ.

Понта истакна дека ако нема решение за тие случаи до 31 декември, проектите ќе бидат финансирани од буџетот, додавајќи дека станува збор за проекти во областа на човечки ресурси, водоснабдување и проект за метро во вредност од 400 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top