Гасоводот „Турски тек“ ќе биде пуштен во употреба во декември 2016 година, соопшти шефот на „Газпром“, Алексеј Милер, пренесува ТАСС повикувајќи се на комунике на компанијата.
– Постигнат е договор за пуштање во употреба и достава на гас преку „Турски тек“ во декември 2016 година. Во распоредот за работа на проектот „Турски тек“ компанијата „Газпром“ ќе се базира на постигнатиот денеска договор – истакнува Милер во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.