| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар тргна во поход кон европската титула

Ракометарките на ЖРК Вардар денеска тргнаа кон Будимпешта, каде што в сабота треба да го играат полуфиналето од Лигата на шампионите во рамките од фајналфор турнирот.
Втора година по ред вардарки играат на завршниот турнир и вторпат по ред играат со црногорскиот претставник Будуќност.
Минатата година беше несреќна за „црно-црвените“ бидејќи загубија во продолжението. Оваа година апетитите се големи и желбите се пласман во финалето и освојување на првото место во Европа.
За тоа да се оствари, вардарки ќе мора да победат на првиот натпревар в сабота, кој се игра со почеток од 16.45 часот.
Во Будимпешта Вардар ќе одржи два тренинга и ќе ја почувствува атмосферата во салата „Ласло Пап“, која е со капацитет од 12.500 гледачи.

На испраќањето на своите колешки среќен пат и желба за добар успех им посака и Робертина Мечевска, која заздравува по несреќата што ја имаше пред неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top