| четврток, 6 декември 2018 |

Јемен бара копнена интервенција за спас на земјата

јемен

Мисијата на Јемен во Обединетите нации побара копнена интервенција како одговор на офанзивата на бунтовниците Хути во јужниот дел на земјата, каде што ситуацијата е сѐ полоша по повеќенеделните судири.

Јеменската мисија, исто така, апелираше до организациите за човекови права да ги документираат „варварските злосторства“ кои Хутите наводно ги извршиле во Аден, во јужниот дел на Јемен и во другите градови.

– Апелираме до меѓународната заедица итно да испрати копнени сили за спас на Јемен, а особено на Аден и на Таиз – порача мисијата во писмото доставено до Советот за безбедност на ОН

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top