| четврток, 6 декември 2018 |

Хулиќ: Не бараме изглед на полупроститутки

Музиката денес е индустријализирана, се бараат и некои други работи освен талент, смета хрватскиот композитор и член на жирито на „Икс-фактор“, Тончи Хулиќ.

Во интервју за хрватскиот „Вечерњи листи“, Хулиќ застана во одбрана на неговиот колега Жељко Јоксимовиќ, кој неодамна беше на мета на јавноста поради коментар кон еден шеснаесетгодишен кандидат, кому му рече дека треба да ослаби.

Да не се лажеме! Важно е како некој изгледа, а приказните за Адел може да ги оставиме на страна. Да ми дојде некој кандидат кој пее како Адел, не би ме интересирало како изгледа. Но, нас почесто ни доаѓаат некои кои изгледаат како Адел, а не пеат како неа. Не бараме ни мисици и мистери, бидејќи и таквите кандидати се празна приказна. Не бараме ни изглед на полупроститутки, но важен е добриот глас да биде некако во склад со изгледот. И што да му се каже на некој кандидат кој, не знам како поинаку да се изразам, не се грижи за себе? – вели Хулиќ, додавајќи дека ако Јоксимовиќ не речел нешто за изгледот, би рекол тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top