Неколку млади лица вчера во Струга нападнале нивни соученик од Средното општинско училиште „Нико Нестор“.
Според портаполот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски, нарушувањето на јавниот ред и мир се случило вчера по завршувањето на хуманитарен фудбалски натпревар што се одржувал во училиштето, а во кој нападнатиот бил судија.
– Нарушувањето на јавниот ред и мир се случило надвор од дворот на училиштето, на улицата „Пролетерски бригади“, непосредно пред една сендвичарница. Неколку млади лица нападнале нивни соученик бидејќи биле незадоволни од начинот на којшто тој судел за време на натпреварот. Револтирани започнале да го удираат со клоци и тупаници по нозете, вели Димоски.
Според него, полицијата успеала да пристигне на време и да спречи поголем инцидент.
– Учесниците во овој инцидент се повикани на разговор во полициската станица во Струга и против нив ќе следува соодветна пријава, додава Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.