| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан протестант завршил на Токсикологија

-Едно лице е однесено во Клинички центар на клиниката за Токсикологија во алкохолизирана состојба, по што е приведено во полициска станица – истакна денес министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Таа додаде дека приведените малолетници околу 3 часот утринава по извршениот разговор со нив се пуштени, а останатите се задржани до завршување на постапката.

Во протестите повредени се 38 полициски службеници од кои шест се задржани на понатамошно лекување. Според информации на МВР, досега едно цивилно лице побарало лекарска помош во ГОБ „8-ми Септември“.

Јанкулоска истакна дека идентификувани се уште 12 лица кои учестввале во нападите на полицијата, а полицијата превзема мерки и активности за утврдување и идентификување и на други лица кои биле инволвирани во нарушување на јавниот ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top