Вечерва пред отворениот паркинг простор во склоп на „Веро Центар“ започнува четвртиот по ред „Пролетен вино-фест“. Посетителите од денес до 10 мај, недела, секојдневно ќе имаат можност да уживаат во добро вино, деликатесна храна и музика за сечиј вкус.
На овогодинешниот вински фестивал виното ќе се слави преку селективно одбрани домашни винарии во кои посетителите ќе имаат можност да дегустираат сортни македонски вина по промотивни цени.
На отворањето вечерва, свој настап ќе имаат енергичните „Хоундс“ (The Hounds), кои се познати по одличните преработени верзии на македонски песни, но и по неколку авторски песни, а веднаш по нив ќе настапи гостинот од Црна Гора- Бојан Маровиќ, чиишто песни одлично „лизгаат“ со добро вино.
Утре, четврток, свое големо концертно враќање на сцената ќе доживеат култните „Ласт експедишн“ (Last Expedition), еден од најдобрите македонски групи на сите времиња, а пред нивниот концерт ќе настапат „Крос роуд блус бенд“ (Cross road Blues Band) и „Блекдор бенд“ (Backdoor Band).
Погледнете ја целата програма тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.