Десетина полицајци и еден фоторепортер се повредени, откако дојде до судир меѓу граѓаните и полицијата на протестот пред Владата на Република Македонија. Еден од полицајците според информациите е потешко повреден. Полицајците успеаја да ги истуркаат граѓаните до булеварот „Свети Климент Охридски“, и покрај тоа што учесниците на протестот возвратија со шипки и со стаклени шишиња, во обидот да се пробијат до владината зграда. Каменувани се и две возила на Министерството на внатрешни работи. Постојано пристигнува ново полициско обезбедување, а се зголемува и бројот на присутни граѓани.
Учесниците на протестот, организирани од братот на Мартин Нешкоски, бараат одговорност за убиството на Нешкоски, за кое Судот веќе одамнапресуди и определи казна затвор од 14 години за Игор Спасов, припадник на полициската единица „Тигри“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст