| четврток, 6 декември 2018 |

40 имигранти се удавија во Средоземно Море

emigrantiОколу 40 илегални имигранти се удавија во Средоземно Море, изјавија преживеаните 240 имигранти од Гана, од Гамбија, од Сенегал и од Брегот на Слоновата Коска, чии два гумени чамци се превртија.

Илегалните имигранти беа спасени во неделата од трговски брод од Малта, а денеска пристигнаа на италијанскиот остров Сицилија. Тие со гумени чамци тргнале од Либија, пренесува Фена.

Меѓу преживеаните има најмалку 32 малолетни лица, а две се на возраст од пет и седум години.

Во меѓувреме, италијанската крајбрежна стража сооопшти дека во рок од три дена спасила речиси 7.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top