| четврток, 6 декември 2018 |

Во Белфаст убиен поранешен припадник на ИРА

ireland-iraПоранешниот припадник и висок функционер на некогашната паравоена Ирска републиканска армија (ИРА), Џерард Дејвисон е убиен утринава во Белфаст, јави Би-Би-Си. Убиството се случило во непосредна близина на неговиот дом, во работничкиот кварт во Белфаст, додека Дејвисон, кој беше на возраст од четириесетина години, одел на работа.

Полицијата во главниот град на Северна Ирска покрена темелна истрага убиството и потера, за откривање на сторителот на убиството, но во Белфаст се верува дека најверојатно станува збор за одмазда, за едно порано извршено убиство,од пред повеќе од десет години, во кое жртва беше Роберт Макартни, исто така, поранешен припадник на ИРА.

Во јануари 2005 година, Макартни беше убиен со нож, по расправијата и тепачката во еден бар во Белфаст, каде мнозинството од гостите биле поранешни припадници и симпатизери на ИРА и активисти на партијата Шин Феин, која некогаш важеше за политичко крило на паравоената група.

Во расправијата беше вмешан и сега убиениот Џерард Дејвисон, а полицијата за убиството формално ги обвни неговиот чичко Теренс Дејвисон и две други лица, вклучени во барската расправија, но сите тројца, подоцна, беа ослобдени од обвиненијата.

Убиството на Макартни набргу доби сосема друга димензија, откако неговите сестри и неговата сопруга покренаа силна кампања во јавноста за откривање на убиецот и посебно за тоа кој го нарачал злосторството , обвинувајќи ги јавно, за смрта на својот брат и сопруг, припадниците на ИРА.

Во тоа време, кога во Северна Ирска се водеа мачни преговори за создавање на северноирската власт, во која заедно ќе бидат унионистите и републиканците, католици од Шин Феин, убиството на Макартни стана дел од северноирската политика.

Сестрите и сопругата на убиениот, за празникот Сент Патрик, во март таа година, беа примени во Белата куќа во Вашингтон, од претседателот Џорџ Буш, заедно со тогашниот премиер на Ирска, Берти Ахерн, а беа и во Даблин и во Лондон, во Даунинг стрит 10, кај поранешниот премиер Тони Блер.

Сите настојуваа убиството, каков и да е мотивот, да не ја расипе политичката клима и ги попречи преговорите,но никој досега не е обвинет, ниту осуден за убиството на Макартни, иако во католичката јавност на Северна Ирска, остана сомнежот кон Дејвисон и неговото друштво.

Остана само истакнувањето на храброста на трите жени, кои се осмелија, јавно да ја обвинат ИРА и да ги осудуваат сите кои биле во барот, а кои одбиваа да зборуваат за инцидентот.

Лидерот на Шин Феин Џери Адамс, денеска , остро го осуди ваквото убиство на Дејвисон, порачувајќи дека не смее и понатаму да има вакви случувања.

Пред десет години, тој и Шин Феин тврдеа дека во расправијата во барот немало луѓе на ИРА, ниту од неговата партија, но подоцна седумина нејзини членови, кои биле во барот, беа исклучени од Шин Феин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top