| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: ЕУ сака да ја подобри соработката со Кина

mogeriniЕвропа сака да ја подобри соработката во областа на безбедноста и одбраната со Кина, особено во областа на трговијата со луѓе и на Блискиот Исток, изјави Високиот претставник  за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини, која е во официјална дводневна посета на Пекинг.

На заедничка прес-конференција со Јанг Јиечи, кој е член на кинескиот Државен совет, Могерини изјави дека двајцата разговарала за конкретни можности за зајакнување на билатералните врски во областа на одбраната и безбедноста. Како пример за успешна билатерална соработка беше посочена операцијата за борба против пирати во Адемскиот залив, во која учествуваа ЕУ и Кина.

Могерини и Јиечи разговарале и за ситуацијата во Ирак, Сирија и Либија. На средбата било разговарано и за ситуацијата во Источна Украина, каде и двете страни истакнале дека конфликтот може да се реши само по дипломатски пат и целосно зачувување на суверенитетот на земјата.

Високиот претставник  за надворешна политика и безбедност на ЕУ ја пофали улогата на Кина во преговорите за иранската нуклеарна програма и нагласи дека Кина игра важна улога во борбата против трговијата со луѓе, како постојана земја членка на Советот за безбедност на ОН.

Посетата на Могерини на Кина е еден месец пред самитот Кина-ЕУ, кој ќе се одржи во Брисел во јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top