| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија не се продава спорниот препарат за слабеење за кој алармираше Интерпол

Во Македонија не е одобрен, ниту регистриран небезбедниот диететски препарат Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght кој содржи 2,4 – динитрофенол (DNP), соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Контролата е спроведена по известувањето од Интерпол и објавената тревога во 190 земји, вклучително и Македонија, дека на пазарот се продава Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght од 125 милиграми, најчесто во облик на прав или капсула, а се користи за намалување на телесната тежина.

На домашниот пазар легално се продава препарат со слично име – TURMERIC од 500 милиграми. Според АХВ, станува збор за диететски производ на Health Aid, кој е уредно регистриран и во својот состав не ја содржи  спорната супстанца  2,4 – динитрофенол (DNP).

Сличноста со името на овој легално увезен препарат, кој исто како и спорниот најчесто се продава онлајн и има жолта боја, потекнува од  куркумата која ја има во неговиот состав.

– Граѓаните да купуваат одобрени диететски препарати од регистрирани оператори кои вршат легален увоз, а особено внимание да обрнат при он лајн продажбите, апелира Агенцијата за храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top