Џихадистичката организација Исламска држава во вторникот првпат досега одговорноста за еден напад извршен во САД, во текот на собир на антиисламска организација во сојузната држава Тексас, и притоа се закани со нови напади.
– Двајца војници на калифатот го изведоа нападот врз изложбата на карикатури на пророкот во Гарланд (Тексас) – пренесува АФП повикувајќи се на дневното радиоизвестување на Исламската држава, која на почетокот од 2014 година прогласи таканаречен калифат на големите територии што ги контролира во Ирак и во Сирија.
Нападот се случи во Гарланд, предградие на Далас, каде што се одржуваше награден конкурс за карикатури со пророкот Мухамед, чиешто претставување во исламот се смета за сквернавење и навреда, што го организираше здружението „Американ фридом дифенс инициејтив“, која се смета за антиисламска.
Еден полицаец убил два тешко вооружени мажи, кои се обиделе да го нападнат собирот, а тие во нападот успеаја само полесно да ранат еден од полицајците кои ја обезбедувале изложбата.
– Двајцата браќа отворија оган на изложбата ранувајќи го полицаецот задолжен за заштита на изложбата пред да бидат убиени во престрелката“, се додава во објавата на Исламската држава. Потоа следуваат заканите упатени кон САД – „Она што се подготвува ќе биде уште поголемо. Ќе гледате страшни работи, кои ќе ги изведат војниците на Исламската држава“.
Според американските медиуми, двајцата исламисти се идентификувани како 31-годишниот Елтон Симпсон и 34-годишниот Надир Суфи, коишто живееле заедно во стан во Феникс, во сојузната држава Аризона.
Едниот од нив, Симпсон, веќе извесно време бил предмет на истрага на американските безбедносни служби а на една коишто ја направила Федералното биро за истраги (FBI) може да се слушне како искажува желба да отпатува во Сомалија и да им се придружи на „браќата“ во нивниот џихад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.