
На Саемот за автомобили во Србија беше потпишан протокол меѓу српската влада и компанијата „ФИАТ автомобили Србија”. Од државниот буџет ќе бидат одобрени 3.000 евра попуст за секое возило, со можност за кредит од шест години и годишна каматна стапка од 1,9 процент.
Министерот за финансии и економија, Млаѓан Динкиќ и извршниот директор на „ФИАТ автомобили Србија” (ФАС) Антонио Чезаре Ферара потпишаа протокол, кој ќе им овозможи на граѓаните на Србија да купуваат автомобили „фијат 500 L” по цена од 10.900 евра .
Како што изјави Динкиќ, попуст по возило ќе биде 3.000 евра, а граѓаните ќе имаат можност да се земат кредит за автомобил, со месечна рата од 112 евра. Тој додаде дека попустот ќе важи за околу 5.000 автомобили.
Тој исто така посочи дека „ФИАТ“ се обврза во фабриката во Крагуевац до крајот на годината да вработи уште најмалку 600 работници, како и 800 нови за следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


