Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, кој е во љубовна врска со една од најубавите тенисерки во светот Србинката Ана Ивановиќ, полека почнал да го учи српскиот јазик.
Фудбалерот често патува за Белград за да поминува повеќе време со својата девојка, а како што пренесуваат добро упатените германски медиуми, тој на тренинзите на Баерн често знаел да проговори и по некој српски збор.
Додека играл „тенис со нога“ заедно со неговите соиграчи Пизаро, Реина и Нојер, постојано им довикнувал на соиграчите на чист српски јазик: „Хајде, хајде, идемо, брже“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.