Црногорски „Телеком“ се приклучи кон акцијата за помош на Непал откако земјата беше погодена од катастрофален земјотрес од 7,9 степени според Рихтеровата скала.
Наместо парична или помош во лекови, храна, облека и слично, „Телеком“ се одлучи за поинаков пристап, со кој очекувано наиде на многу осуди од корисниците.
„Телеком“ нема да ги наплаќа повиците од фиксните, како и повиците и СМС од мобилната мрежа (постпејд и припејд), од Црна Гора кон Непал, како и роаминг повиците од Непал, пишува во соопштението на компанијата.
Овој „хуман“ гест доби многу негативни и, пред сѐ, интересни коментари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




