Многу неодговорени прашања на кои јавноста очекуваше одговор, многу нерасчистени дилеми – тоа е она што се коментира по интервјуто со поранешниот премиер и шеф на државата Бранко Црвенковски при вечерашното гостување кај Снежана Лупевска во емисијата „Топ тема“. Негов главен мотив беше наводна борба за слобода и немањето демократија. На социјалните мрежи се коментира дека екслидерот на СДСМ направи монодрама од емисијата на Лупевска. Црвенковски зборуваше за стручноста на еден од осомничените во аферата „Пуч“, ексразузнавачот Зоран Верушевски. Но во ниту еден момент не слушнавме што подразбира под стручност и професионалност на Верушевски. Дали тоа што соработувал со странски служби и бил дел од мрежа за нелегално прислушкување на државниот врв?!
Лупевска не го запраша Црвенковски зошто повторно го штити Верушевски и вели дека анонимни извори му ги обезбедиле материјалите од прислушкувањето во 2001-ва година, кога постојат десетици изјави и сведоци вклучително и на луѓе од СДСМ кои тврдат дека Верушевски ги обезбедил тие материјали.
Црвенковски ниту прашан ниту пак коментираше на прашањата:
Со што Верушевски го заслужи директорското место во ДБК таа 2002-ра година?
Со што ве задолжи Верушевски и која беше уцената за да го префрлите на безбедно и сигурно работно место во амбасадата во Рим, откако претходно се закани дека ќе пропее за матни работи од ваше време? Која беше неговата уцена до вас?
Како тоа сте убеден дека власта прислушкувала кога има две јасни признанија дека тоа го правела мрежата на Верушевски?
Како тоа СДСМ ви било како дома, ама и во исто време не знаете ништо за прислушкуваните материјали на Заев?
Како тоа викате дека на локалните избори 2013 сте изгубиле од народот не затоа што сте немале поддршка, туку затоа што било режим. Дали под режим победија Заев, Жерновски и Зоран Дамјановски- Циц на тие избори и ако е режим зошто тие не си поднесат оставки?
Како тоа немате врска со приватизација, кога во ваше време останаа 200 илјади лица без работа и над 400 големи фирми се затворија?
Како се брани слободата со судство во кое 600 судии се изгласаа за една ноќ?
Дали слобода е следење на штабот и раководството на ВМРО-ДПМНЕ?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.