Градоначалниците на Град Скопје и Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митровски, денеска извршија увид на работата на терен на јавните претпријатија.
Како што соопштија од Град Скопје посетата е дел од дванаесеттиот циклус посети на скопските општини.
При посетата Трајановски истакнал дека градските јавни претпријатија во последните неколку денови активно се вклучени во спроведување на повеќе активности во општина Ѓорче Петров. Трајановски информирал дека за оваа година предвидени се голем број проекти кои ќе се реализираат, а како најважни ги истакнал новиот кружен тек и продолжувањето на булеварот „Партизански одреди”, кој е во завршна фаза, како и активностите за негово продолжување до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле”.
По посетата на терен, била одржана и средба помеѓу претставници на градската и општинската администрација, претставници на јавните претпријатија и претставници од урбаните и месните заедници од Ѓорче Петров, каде што се дискутирало за проблемите со кои се соочуваат жителите на оваа општина.
Според градоначалникот на Ѓорче Петров Митровски ваквите средби се во насока на подобрување на комуникацијата и соработката на урбаните и месните заедници со општинската и градската администрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст