| четврток, 6 декември 2018 |

Како мајсторот-куклар Џорџ Сорос управува со своите политички марионети? (видео)

george-soros-puppetmaster

Ако сакате да дознаете нешто повеќе за Џорџ Сорос, неговите врски и  богатство – читајте за него. Има многу начини да дознате кој, всушност, е тој, има многу книги за него, а повеќето од нив се напишани лично од него, вели искусниот аналитичар, автор и новинар Глен Бек во неговата емисија на американската телевизија „Фокс њуз“ во која детално, сликовито и издржано го објаснува манипулаторското работење на Џорџ Сорос.

Во 2003 година, Сорос и уште еден партнер донираат пет милиони евра за финансирање на новоформираната либерална група „Мув он“, чиј прв извршен директор беше Зак Ексли, обучен активист за предизвикување анархија и немири, соработник на „Отворено општество“ и блогер за „Хафингтон поуст“ – медиум кој, исто така, е финансиран од Сорос.

– За да се постави една куклена претстава, потребни се неколку работи: куклар, сцена, публика, конци врзани на секоја марионета и приказна. Но, зошто? Зошто воопшто постои таква претстава? Што му е мотивацијата на кукларот? Пари, забава, лична корист? Сцената е политиката, а вие сте публиката. Целта на претставата е вие да почувствувате нешто. Но, повеќето претстави не се со скриено значење, туку целта им е да ве насмеат, да се забавувате. Но, не и на оваа претстава. Таа е само пропаганда, вели Бек.

Но, кој е позади марионетите? Кој е кукларот кој ги влече сите конци? Џорџ Сорос. Тоа не е заговор. Ако доволно истражите и ги прочитате неговите книги, тоа е лесно сфатливо.

На Универзитетот во Колумбија, Сорос одржа говор во кој зборуваше за итната потреба за воведување реформи во законот за финансирање изборни кампањи. Една од неговите организации кои се поврзани со фондацијата „Отворено општество“ донираше 123 милиони долари за да се забрзаат реформите.

– Направете нешто за да се запре уништувањето на изборниот процес предизвикано од прекумерните реклами на телевизија, наведува Сорос во својот говор.

По симптоматично кратко време, непрофитните организации како „Колор фор чејнџ“, „Медиа метерс“, фондацијата „Тајдс“, „Ела Бејкер центер“, „Аполо алајанс“, „Мув он“ и други, мистериозно стануваат неверојатно моќни. А, погодете кој ги контролира најмоќните? Џорџ Сорос.

По 9/11, Сорос пропагираше дека полициското дејствување треба да биде замена за војна.

– Војната е погрешна и збунувачка метафора за борба против тероризмот. Криминалот се сузбива со работа на полицијата, не со воени акции, изјави Сорос.

Веднаш потоа, демократскиот кандидат за претседател, Џон Кери, изјавува:

– Научивме дека борбата против тероризмот треба да наликува на разузнавачка операција и операција за спроведување на законот, а не на воена операција.

Само неколку денови откако Обама влезе во претседателскиот кабинет, Сорос почна да се залага за распределување средства за буџетите на локалните самоуправи, за што федералната влада на САД треба да издвои стотици милијарди долари. Токму тој пакет беше прв на агендата на Обама.

Беше очигледно дека е прерано Обама сам да состави таков пакет и тоа за толку кратко време. Позади сето тоа беше токму „Аполо алајанс“ кој произлегува од фондацијата „Тајдс“, која, пак, е финансирана од Сорос.

Следен чекор беше законот за енергетика на Обама, на кој самата публика се спротивстави, иако законот помина во Конгресот.

Сорос успева да се ослободи од корпоративните спонзори и Демократската партија во САД, па сите негови организации настапуваат на сцена. Сорос ги држи конците врзани за марионетите, а конците се неговите пари. Вие гледате само претстава. Мислите дека демократите се сè уште демократи? Не се.

Има два вида марионети во оваа претстава: марионети-организации чија задача на сцена е да создадат илузија дека се раѓа големо движење, но тоа е само претстава, и марионети-поединци како политичари и активисти, па можеби дури и самиот Обама.

Во секоја претстава се кријат две приказни: таа на сцената и таа зад кулисите. Публиката никогаш не може да види што се случува зад сцената, туку само тоа што глумците ќе го претстават на сцена. Но, колку има вистина во сето тоа, а колку е исценирано? Има само еден начин да го дознаете одговорот – да погледнете зад кулисите и да дознаете кој ги држи конците на марионетите.

Сорос не крие дека го посветил својот живот на целите во кои верува.

– И животот би си го ризикувал за работите во кои верувам и на кои сум им посветен и ми даваат чувство на исполнетост, рече Сорос.

Но, во што верува Сорос – човекот кој има десетици милијарди долари? Што сака да постигне и зошто се става на таква мака? Едно нешто – глобализација.

– Главната пречка за стабилен и праведен светски поредок се САД, изјави Сорос.

Можеби одговорите лежат во неговото трауматично детство. Сорос пораснал во нацистичка Европа, каде на 14-годишна возраст морал да ѝ помага на власта да го конфискува имотот на неговите пријатели и соседи, кои, исто така, биле Евреи. Не пораснал во традиционално еврејско семејство. Мајка му била жесток антисемитист, како што и самиот Сорос има кажано. Кога морал да оди да го одземе имотот на неговите пријатели и соседи Евреи кои требало да бидат испратени во гасните комори, Сорос воопшто не чувствувал никаква вина, како што самиот изјави во интервју со Стив Корфт.

– Не негирам дека Евреите постојат како народ, но не сакам да бидам дел од тоа, се зборовите на Сорос.

Уште пред да биде емитувана емисијата на „Фокс њуз“, платеници на Сорос се јавиле во редакција велејќи дека Бек е антисемитист, за што Бек во емисијата тврди дека не е вистина и дека наверојатно е многу поголем поддржувач на Израел и Евреите отколку Сорос.

Сорос објавува предвидувања, а неговите платеници имаат задача да ги остварат. Крајната цел му е да ја урне Америка од тронот на светска велесила. Зошто? Ако ве интерсира одговорот, мора да знаете некои работи за Сорос.

Сорос е роден пред 84 години. Тогашниот свет не ни можел да претпостави дека економијата ќе се сруши, дека валутите ќе станат безвредни, дека изборите ќе се местат, дека влади ќе паѓаат, а некако случајно еден милијардер ќе биде во центарот на сите тие случувања – Џорџ Сорос. Роден е во Будумпешта, Унгарија на 12 август 1930 година во ортодоксно еврејско семејство. Денес, Сорос е атеист кој го отфрлил еврејскиот идентитет и ретко ги поддржува еврејските каузи и Израел.

– Не сум многу активен во Израел. Верувам дека има доволно Евреи да водат грижа за Израел, изјавува Сорос со едно интервју.

Во 1947 година, семејството на Сорос се сели од Унгарија во Англија, каде Сорос се запишува во Лондонската школа за економија. Во 1956 година, Сорос се преселува во Њујорк, а во 1961 година добива американско државјанство. На 39-годишна возраст го основа „Квантум фонд“ кој го користи за да напаѓа валути низ целиот свет. Подоцна е обвинет за финансискиот крах на Тајланд, Малезија, Индонезија, Јапонија и Русија. Во 1992 година, Сорос го предизвика падот на Банката на Англија со тоа што успеа да предизвика пад на вредноста на фунтата и заработи речиси една милијарда долари.

Освен валути, Сорос урива и влади. Користејќи го фондот „Отворено општество“, основан во 1979 година, Сорос ја финансираше „Кадифената револуција“ во Чешка, „Портокаловата револуција“ во Украина, „Револуцијата на розите“ во Грузија и помага во кревањето државни удари во Словачка, Хрватска и Југославија. Која му е целта сега? Америка.

И само го има кажано тоа: – Тоа што сум го направил во други земји – рушење на власта – ќе го направам и со оваа земја.

– Потребни сме ѝ на нашата земја, а нам ни требаат луѓе како Џорџ Сорос – бестрашен и со желба да реагира кога е потребно, изјави Хилари Клинтон во 2004 година.

Според политички аналитичари, партијата во сенка која Сорос ја има изградено е слична на тие кои ги создавал во земјите во кои предизвикал пуч. Сорос создава партија во партија, или т.н. партија во сенка, попрецизно создава група во партијата која ја презема контролата врз медиуми.

Во 2004 година, Сорос потрошил милиони за да го исфрли Џорџ Буш од претседателскиот кабинет, но не успеа, но, сепак, промената на ставот и политики на Америка продолжува да му биде врвен приоритет. Зарем некој би сакал ваков човек да биде близок со претседателот на државата?!

Досега, Сорос – човекот кој се залага за пад на доларот и е против капитализмот – бил во посета на Белата куќа најмалку четири пати.

Желбата на Сорос е светот да стане глобално село без граници и без национални влади. Да има само едно отворено, глобално општество со кое ќе раководи само еден човек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top