| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски туристи заглавени во хотелот „Севџан“ во Истанбул

400 Македонци кои првомајските празници ги минаа во Истанбул, сега се заглавени во Севџан хотелот.

Според информациите од туристите кои комуницираат преку социјалните мрежи од хотелот не им дозволуваат да тргнат за Македонија, бидејќи, туристичката агенција која го организираше патувањето преку група за попусти, не платила за престојот.

Револтираните Македонци кои со седум автобуси допатувале во Истанбул го очекуваат конзулот на Македонија во Турција и бараат да се реши проблемот за да се вратат дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top