| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Планираните роуд шоуа продолжуваат наесен

-Планираните презентации и роуд шоуа кои беа планирани за овој период и кои ги одложив заради фокусирање на деструктивните однесувања на опозицијата ќе бидат реализирани следната есен.

Ова го истакна премиерот на РМ и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од денешниот конгрес во Куманово. Во врска со проектот со консултанстката куќа Меккензи, Груевски најави дека е можно да биде продолжена соработката со нив.

-Имавме заеднички проект со светски познатата консултанстка куќа Меккензи, во правец на дополнителни засилувања на нашите капацитети и организација за привлекување на нови инвеститори кои ќе отворат нови работни места. Можно е да ја продолжиме соработката со нив, потенцираше премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top