| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев ќе отвори шампањско доколку ни ја одземат препораката

SDSM 18ti kongres 02 (Custom)
Премиерот Никола Груевски од Куманово каде се одржува 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека потребно е да се фокусираат на секојдневните проблеми на луѓето, но во истовреме и да ги санираат штетите кои СДСМ и ги прави на Македонија.

-Мораме да се фокусираме и на санирање на штетите кои СДСМ и ги прави на земјата низ Европа и светот, со креираните материјали со кои се понадеваа дека ќе дојдат на власт и кои се закануваат да ни биде одземена препораката следната есен, за што сигурно Заев ќе отвори шампањско, смета Груевски.

Тој додава дека истовремено мора да се борат со сите предизвици и да дејствуваат и краткорочно каде е потребно и долгорочно каде е исплатливо.

– Затоа ВМРО-ДПМНЕ победува 9 пати по ред, а СДСМ губи девет пати по ред. Затоа што имаме визија и резултати, имаме стратегија и вложуваме огромен труд за нејзина реализација, а истовремно ги гасиме пожарите кои тие ги палат, посочи премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top