Ова на денешниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ го истакна премиерот Никола Груевски.
-Таквиот договор, доколку опозицијата е спремна да го прифати ќе ни донесе голем напредок како држава. Ние го нудиме ова. Тоа се прво, повисок квалитет во образованието, иновациите и претприемништвото, вклучувајки ги мерките за олеснување на бизнисот, второ, прашања поврзани со стабилноста на земјата, како што се меѓуетничките односи, и погенерално безбедноста на земјата, трето, проблемот со името, четврто, напорите за отворање нови работни места и петто, согласноста дека во секоја сфера и секој сектор, треба постојано да си поставуваме повисоки стандарди, како што вчера говорев за ново поставените стандарди за прием и напредок во администрацијата и за прием и напредок во судството. Ние сме земја со многу ниски стандарди скоро во се и затоа не сме доволно меѓународно конкурентни – истакна Груевски.
Тој додаде дека на Македонија и требаат повисоки стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.