Германскиот гигант Баерн Минхен сеирозно размислува за доведување на играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл. Првиот човек на клупата на „баварците“ Пеп Гвардиола сака по секоја цена да го доведе фантастичниот офазивен играч од средниот ред и со тоа значително да го подмалди составот за годините што следат.
Гвардиола дури оди и дотаму што би можел да ги продаде првите две ѕвезди во тимот, Робен и Рибери за да ослободи поголема сума на средства која ќе биде доволна за ангажман на Велшанецот.
Тие во последниот период премногу се повредуваат, а веќе се и во зрели фудбалски години.
Баерн Минхен се приклучува во трката за Бјл, во која се уште и Манчестер јунајтед, Челси и Манчестер сити. Велшанецот има договор со Реал Мадрид до јуни 2019 година, но оваа сезона многу често се споменуваше во шпанската јавност дека тој би можел да биде продаден и дека ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УЕФА го суспендира Пеп Гвардиола
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)