Министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ изјави дека босанските безбедносни служби добиле дојава со закани за нов терористички напад во земјата.
Тој истакнал дека информацијата е добиена од една партнерска служба од регионот дека постојат индиции и разузнавачки податоци за можен нов терористички напад во БиХ.
Мектиќ нагласи дека сите безбедносни агенции во БиХ сериозно ја сфатиле и реагирале на оваа информација, што ќе придонесе за нејзино расветлување.
– Преземени се сите мерки поврзани за безбедноста на објектите, за кои постоела одредена информација бека би можеле да бидат мета на напад, истакна босанскиот министер.
Мектиќ потврди дека неколку дена пред нападот врз полициската станица во Зворник постоела одредена информација која пристигнала до сите безбедносни служби во БиХ, а укажувала на фактот дека е можно да биде извршен одреден терористички напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.