Пет лица го изгубија животот во најновото невреме во североисточна Австралија, кое премиерката на државата Квинсленд Анастасија Паласчук денеска го опиша како „вонсериски потоп“.
Таа потврди дека синоќа настрадале три лица, а полицијата наведе дека се регистрирани уште два смртни случаи, пренесува Танјуг.
Во тоа подрачје наврнаа 277 милиметри дожд на метар квадратен.
Полцијата соопшти дека смртните случаи се резултат на три сообраќајни несреќи.
Министерката за вонредни ситуации Жо-Ен Милер соопшти дека властите примиле околу 4.000 повици за помош во рок од пет часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.