Како една од слабостите или пропустите кои понекогаш се појавувале во изминатите години, премиерот Никола Груевски ја потенцираше имплементацијата на законите, која како што рече понекогаш не беше соодветна, дури кога биле убедени деке е соодветна.
За да нема недоразбирање и нови пропусти, Груевски неодамна креирал тим од 15-тина луѓе во неговиот кабинет, кој веќе од понеделник почнува со работа токму на ова тема.
-Тимот ќе биде задолжен за проверка на спроведувањето на програмата, кои нема да проверуваат само од канцеларија и од комјутер, туку многу често ќе бидат на терен, со земјоделците, со социјалците, на градежните локации, меѓу пензионерите, со студентите, кај пациентите и лекарите, директорите и вработените, итн, и дневно ќе работат исклучиво на ова прашање, појасни Никола Груевски на обраќањето на когресот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.