| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ и Соросовите институции да не бараат политички поени на грбот на младите

Според премиерот Никола Груевски, фокусот на ВМРО-ДПМНЕ беше и ќе остане на младите, нивната перпектива, образование и подобар живот.

Превземавме стотици мерки кои директно или индиректно се однесуваат на младите, нивно вработување, насочување кон здрави безбеден живот, и запирање на одливот на млади во странство. Тоа мора да остане клучна точка во нашите приоритети, порача Груевски на Конгресот во Куманово и додаде дека развојот на малдите ќе остане клучна точка во нивните приоритети.

Разочара фактот што  бевме погрешно сфатени од дел од студентите и средношколците, но и од ставовите на некои од родителите околу знаењето. Ќе продолжиме со нивно убедување и објаснување. Појавата на политизацијата во образованието е загрижувачка и не може ништо добро да донесе за нашите млади во државата.  Единствена предвидлива иднина на Македонија е ако има квалитетно образование со крос партиска платформа без политички злоупотреби и ставање во функција на дневна политика. Оттука, за поздравување беше дебатата која ја одржавме со опозицијата во Маврово на темата образовние. Но, некако потоа излезе како ништо да не сме разговарале. Ние мораме  да обезбедиме поголем квалитет на нашето образование. Кога станува збор за студентите, нашата единствена намера беше да потикнеме и обезбедиме повеќе знаењеи квалитет. Сепак, не исклучувам дека и ние имавме одредени грешки во процесот. На пример предоцна увидовме, некои технички пропусти во законот. Но, еве ни сега нова шанса низ нов дијалог. Но истата цел останува-поголем квалитет и знаење – посочи Груевски.

Секоја подобра идеја која ќе гарантира успех, , како што доаде тој,  е добредојдена, апелирајќида се заборави политиката додека се разговара за тоа.

Партиите да ги тргнат рацете од образованието, а професорите кои припаѓаат на определени политички опции, шансата за политичка афирмација да не ја градат на сметка на низок квалитет во образованието. СДСМ и соросовите институции да не бараат политички поени на грбот на младите и нивната иднина, порача Груевски.

Математиката, рече тој, е наука која меѓу другото ги развива когнитивните делови на мозокот, ја развива логиката и рационалното размислување на секој млад човек, независно што ќе студира и во која област, а особено оние кои се определуваат за техничките науки, природните науки, па и дел од општествените, треба да знаат дека одбегнувајки ја математиката си прават долгорчна штета.

Ме загрижува што дел од нивните родители не го разбраа тоа итргнаа по линија нивните деца краткорочно да се посреќни со тоа што помалку ќе учат, несогледувајки ги долгорочните последици. Ме загрижува партиско полтичкиот пристап по ова прашање на еден дел од родителите, или немањето доволно воља, низ процесот на образование да им се овозможи нивните деца да се надградат повеќе а тоа да им обезбеди посветла иднина. Мораме да работиме на ова, нема откажување. Кавлитетот на образованието и поголемо знаење, иако имаме огромен прогрес сеуште ни е незавршен проект. Можеби не со поскауваната динамика, но мора да успееме, потенцираше премиерот Груевски на Конгресот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top