| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ќе има истрага и за нивните прекршувања, но и за она за што нaс нѐ обвинуваат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на денешниот 15. Конгрес на партијата кој се одржува во Куманово, потсети дека СДСМ едно зборат пред народот, друго прават каде владеат на локално ниво.

Нас нѐ напаѓаат за партиски вработувања, а пред своите јавно се фалат дека таму кај што владеат само така работат. Нас нѐ клеветат за криминал со креирани снимки, а таму каде добиле доверба тендер не може да прелета ако не го земе некој родина или некој партиски моќник. Нас нѐ обвинуваат дека не сме овозможиле доволно слобода во медиумската мрежа, а тие прават фабрики на новинари кои треба да ги поддржат и величат со парите на СОРОС и на Милчин.  – изјави Груевски.

Груевски вели дека СДСМ го лаже народот дека власта ја презадолжила земјата, додека општините каде владее СДСМ тонат во долгови по 50 милиони евра, да во наредните 20-30 години не можат да се раздолжат.

Колку злоба, колку гнев гледам во очите на Заев што однапред сум сигурен дека ќе поминеме низ овој период, кој колку и да е тежок за нас, за нив ќе биде една нова неуспешна епизода со дестуктивно сценарио. Најави за насилно превземање на власта само дополнително укажуваат на нивниот хаос и залутаност во овој процес. Фактот што не водат ни малку грижа за државните и национални интереси, за меѓународниот углед на земјата, за приватноста на оние со кои се изживуваат со креираните материјали, за меѓуетничките односи, за безбедноста на граѓани, само ми гарантира дека тие така силно ќе загубат што нема да знаат како да се повратат потоа. 

Според Груевски правната и политичката разрешница ќе се случи.

– Нашиот став е да има истрага и за нивните прекршувања на законите, но и за она за што нас нѐ обвинуваат. Нам ни е потребна таква независна и транспарентна истрага и ќе направиме се што е во наша моќ за истрагата да биде темелна и транспарентна. Без таква истрага сите ќе останеме осомничени во очите на дел од народот. Не, ние сакаме да има истрага, ако во таа истрага се покаже и докаже дека некој од нас погрешил, нека одговара пред законот и институциите, но ако не погрешил треба и тоа да се објавил за да се тргнат валканиците кои Заев секојдевно ги фрла врз нас – истакна Груевски.

 

Тој додаде дека ќе се однесуваат соодветно и европски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top