Согласно последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2015‘‘ Македонија е рангирана на високото 30-то место меѓу 189 држави во светот. Македонија и оваа година е лидер во регионот според условите за водење на бизнис и е рангирана подобро од 16 земји членки на ЕУ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на 15. Kонгерс на партијата што викендов се одржува во Куманово рече дека сите споредби ги прави со најразвиените европски земји, а не со СДСМ, бидејќи резултатите се сосема различни што практично не е возмошна споредба.
-Странските директни инвестиции кумулативно за периодот 2007–2015 јануари изнесуваат 2.217 милијарди евра и се за 1.450 милијарди евра, или за 4,5 пати повеќе во однос на кумулативниот прилив на странски директни инвестиции во 10-годишниот период на владите на СДСМ, потенцираше Груевски.
Заради добрата бизнис клима, ниските трошоци, но и активната потрага по инвеститори на владата голем број на странски инвеститори ја одбраа Македонија како дестинација за реализација на своите инвестиции.
Досега се реализирани многу крупни инвестиции во ТИРЗ и индустриските зони и надвор од нив, а дополнително, голем број странски инвеститори кои објавија планови за инвестирање во изминатиот период ги започнаа активностите за нивна реализација. Како резултат на ова многу домашни фирми станаа добавувачи и партнери на странските.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст