| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ако не можат СДСМ да помогнат, барем нека не одмагаат

img20150502_134128
-Во четирите години зад нас се справувавме со деликатни предизвици, како последиците од економската кризата кои ги почувствувавме индиректно заради падот на економииите во Европа. Антикризните мерки дадоа сериозни резултати, рече лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешниот партиски Конгрес во Куманово.

Според него настаните од 24-ти декември биле сериозен предизвик кога актуечниот лидер Зоран Заев и неговиот претходник Бранко Црвенковски имале обид за насилно превземање на власта. За Груевски овој деструктивен чекор создал многу проблеми, но опозицијата предводена од Заев не извлекла никаква поука од тој настан.

-Трет голем предизвик е блокадата за заслуженото место во ЕУ и НАТО. Македонија продолжи да добива позитивни извештаи, за жал заради противењето на Грција не ги започнавме преговорите. Пресудата од Хаг ни беше ветер во грб, но не беше доволна за деблокада на процесот. Фрустрирачки е да се зборува за ова во кое е содржана голема неправда. Сепак, ние се откажуваме и ќе продолжиме да бараме начин да ја оствариме целта. ВМРО-ДПМНЕ нема да профати промена на уставот со цел промена на уставното име, нема да прифати идеи и предлози кои ќе го нарушат македонсиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик, рече Груевски кој додаде дека опозицијата дезиорентирано ги напаѓа, бидејќи како што рече, ако биле спремни да ги продадат името и идентитетот, имале 8 години да го направат тоа.

Ова не е прашање за дневна политика и не е прашање лесно за решавање. Ако беше, СДСМ ќе го решеше. Затоа ако не можат да помогнат, барем нека не одмагаат. Заев толку верува дека со телевизиски настап во Грција може да го реши прашањето, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top