ВМРО-ДПМНЕ е партија која во последните 10 години нанижала 9 изборни победи, во кои ја доби убедливата поддршка на мнозинството граѓани без ниту еден пораз, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во своето обраќање на 15. конгрес на партијата кој се одржува во Куманово.
– Во исто време организациската, логистичката и техничка инфраструктура на партијата е сериозно зајакната вклучувајќи го и новиот објект на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Бројот на членови нарасна на над 165.000, како никогаш во историјата на партијата. Во периодот од претходниот до овој конгрес 2011-2015, прокниживме 4 изборни победи, два пати на парламентраните и по еднаш на локални и на претседателски избори. Тие победи не дојдоа ниту случајно, ниту некој ни ги подари. Тие победи се доверба и поддршка од мнозинството граѓани на Македонија, изјави Груевски.
Тој додаде дека поддршката од мнозинството граѓани доаѓа како резултат на нивното работење, држењето до дадениот збор, посветеноста, одговорноста, чесниот пристап кон работата и илјадниците проекти.
– Не дека сме безгрешни, имавме и грешни и пропусти, но покажавме најмногу од сите политички гарнитури досега, потенцираше Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.