Државниот долг на Албанија достигна историско највисоко ниво, откако кон крајот на првото тромесечје годинава, изнесуваше 68,4 отсто од бруто домашниот производ. Економистите оценуваат дека заедно со 30-те милиони леки, кои Владата ги должи на претпријатија и фирми, нивото на долгот изнесува 70,4 проценти од БДП или 1,05 трилиони леки.
Официјалните статистички податоци на албанското Министерство за финансии покажуваат дека кон крајот на минатата година државниот долг на земјата изнесувал 977 милијарди леки. Само за периодот јануари – март оваа година, државниот долг се зголемил за 43 милијарди леки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија