| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка со две матки, а еден бубрег

kasandra-foto-30-450x285

Авторката на блогот DiamondsAndHeels14, Касандра Банксон (22), споделила со својата публика нешто што многумина ги оставило вчудоневидени. Касандра, модел и блогерка, е една од ретките жени која има две матки, две грла на матки и две вагини!

Минатата година Касандра посетила лекар поради болки во долниот дел од грбот. Меѓутоа, многу се шокирала од новото сознание. Лекарот и рекол дека има две вагини!

Рутинското скенирање открило и уште тоа дека Касандра има две матки, но еден бубрег. Оваа состојба се нарекува двојна матка (uterus didelphys) и обично е вродена. Настанува кога матката, која настанува како два канали, одбива да се спои. Касандра рекла дека ова сознание објаснува некои работи кои ги доживувала.

2829BEA000000578-3062172-When_the_female_foetus_is_developing_two_tubes_normally_join_to_-a-43_1430388499103

– Уште додека бев помлада често посетував лекари бидејќи во текот на месецот имав две менструации. Имав болни грчеи и често го менував расположението – рекла Касандра.

Касандра станала популарна кога почнала да ги објавува своите видео туторијали на Јутјуб поврзани со нејзиниот проблем со акните. Набрзо собрала повеќе од милион следбеници, а освен советите како да се нашминкате ако имате акни и модните совети, оваа блогерка споделила со своите следбеници и една многу интимна работа.

Кога минатото лето почнала да чувствува силни болки во грбот, лекарите и предложиле на Касандра да оди на ултразвук, магнетна резонанца и да направи тестови на крвта. По ултразвукот, откриено е дека има само еден бубрег. Магнетната резонанца тоа го потврдила, но тоа не бил единствениот шок. Поголемиот шок следувал кога лекарите и соопштиле дека освен едниот бубрег, Касандра има две матки, две грла на матки и две вагини.

Како што вели оваа млада девојка, стравува како на идните партнери ќе им објасни дека има две вагини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top