Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва го совладаа најголемиот ривал Работнички на гостински терен со резултат 83-82.
МЗТ одлично го започна првото полувреме (39-24). Криза во играта имаа во третата четвртина кога Работнички направи целосен пресврт. Сепак финишот го донесе победникот во овој дуел. Миљан Павковиќ со две тројки од табла во последната минута внесе неизвесност на крајот, но гостите, сепак, излегоа како победници во пенал-завршницата. Марко Ѓурковиќ имаше можност да изедначи на две секунди до крајот, но го промаши второто слободно фрлање.
Работнички вечерва имаа проблем со шутот од линијата за слободни фрлања, од каде што промашија дури 14 пати (25/39). Чековски порадо пет прекршоци ја напушти играта во првата половина од последната четвртина.
МЗТ Скопје сега е убедливо првопласиран на табелата во Суперлигата со 37 бода, Работнички има 35 бода.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Александар Чапин со 22 поени. Марко Симоновски и Предраг Самарџиски реализираа по 17 поени. Урош Лучиќ постигна 14 поени и седум скока.
Кај Работнички најефикасен беше Чековски со 24 поени, Тодор Гечевски постигна 19, а Павковиќ 18 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



