Произведувачите на костими за капење за мажи ги анализирале своите потрошувачи и ги откриле нивните главни карактеристики.
Боксерици
Класичните боксерици опишуваат маж што еподготвен за врска и не се плаши од обврските што тие ги носат. Ваков модел на костими за капење избираат помалку конзервативните и традиционални мажи, тврдат сопствениците на најпознатите брендови за машки костими за капење.
Долг сурферски шорц
Сурферските шорцеви станаа многу популарни, а можат да се носат и во вежбалница. Тие опишуваат лежерен маж, кој сака екстремен начин на забава. Според жените, сопствениците на ваквиот шорц за капење всушност се вистински фраери, свесни за своите предности и многу добро знаат како се заведува.
Бермуди
Бермудите до колена се најомилениот модел на машки костим за капење. Тие го опишуваат мажот што сака да биде отпуштен, што добро се чувствува во својата кожа и не се оптоварува со дреболии. Но мажите што носат бермуди со интензивни бои или со изразени принтови сакаат да бидат и во центарот на вниманието и немаат проблем со изразување на своите чувства.
Плитки боксерици
Минијатурните плитки боксерици ги носат фраери што имаат високо мислење за себе и за своето тело, но и оние што се склони кон претерување. Со ваквите личности треба да се биде особено внимателен бидејќи тенка е границата помеѓу високата самодоверба и нарцисоидноста. Исто така, ретко на кој маж совршено му прилегаат.
Слип-гаќички
Слип-гаќичките го обележаа минатото, но сепак сè уште постои место за ова парче под модното небо. Освен пливачите и ватерполистите, нив најчесто ги носат самоуверени, сигурни и доста оптимистични мажи што сакаат да ја истакнуваат својата машкост. Но мора да признаеме дека малку сме воздржани кога станува збор за овој модел на костим за капење бидејќи понекогаш откриваат малку повеќе одошто е потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



