| четврток, 6 декември 2018 |

После Балтимор, немири и во Филаделфија

CD35h9WWgAAQKbe

Протестите кои избија во Балтимор поради смртта на младиот Афроамериканец Фреди Греј, се проширија и на Филаделфија.

Синоќа судири избувнаа и во градот Филаделфија, во државата Пенсилванија, меѓу полицијата и демонстрантите, кои се солидаризираа со протестите против полициското насилство во Балтимор, пренесе ДПА.

Близу илјада лица се собраа во Филаделфија, а дел од нив се обидоа да блокираат важна меѓудржавна магистрала, но беа разбиени од полицијата. Во немирите неколку полицајци се полесно повредени, а неколкумина најагресивни демонстранти се уапсени.

689544_630x354

Околу 600 лица протестираа и во Балтимор, барајќи правда за Греј, пренесува Танјуг.

Ентони Батс од полицијата во Балтимор изјави дека полицискиот час ќе остане во сила и за време на викендот, бидејќи тогаш се очекуваат масовни маршеви.

Како резултат на немирите во Балтимор оваа недела, по демонстрациите по смртта на Греј додека беше во полициски притвор, повредени се околу сто полицајци, од кои најмалку 40 се хоспитализирани. Приведени се 201 демонстрант, од кои 106 се ослободени по 48 часа без подигнато обвинение.

689545_630x354

Прелиминарна истрага не најде докази дека 25-годишниот афроамериканец Фреди Греј бил смртно ранет за време на неговото апсење од полицијата на 12 април. Ова го соопшти телевизија Еј Би Си синоќа, цитирајќи извори запознаени со полицискиот извештај и заклучоци на судскиот лекар, пренесе БТА.

Судскиот лекар утврдил дека смртоносната повреда на Греј била добиена кога тој се удрил во задниот дел на полицискиот минибус и очигледно го скршил вратот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top