Одличен меч со неочекуван исход и дури три авотогола, одиграа Емполи и Наполи во последниот меч од 33. коло во Серија А. Победи Емполи со 4-2, што е мини изненадување, а интересно е што Наполи постигна еднаков број на голови, два, колку што играчите на тимот од Неапол си ја затресоа сопствената мрежа. Според стрелците требаше да биде 4-2 за Наполи, но два од четирите гола гостите си ги постигнаа во својата мрежа. Бритос и Албиол немаа среќа и ја тресеа погрешната мрежа, а поразот на Наполи го потврдија и Макароне и Сапонара со по еден гол.
Автогол имаше и на спротивната страна, а Лаурини од Емполи го совлада својот голман, додека еден гол за Наполи постигна Хамшик. Наполитанците по овој пораз на 5 кола до крајот заостануваат за 5 бода зад Рома и 6 зад Лацио, екипи што се на позициите кои водат во ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.