Словачка ќе купи девет американски хеликоптери „Блек хок“ за 261 милион долари со кои ќе ги замени руските „Ми-17“, соопшти словенечкото Министерство за одбрана.
– Одлуката за намалување на независноста од Русија е донесена пред почетокот на конфликтот во Украина и имајќи го предвид натамошниот развој тоа се покажа како добро- велат од таму.
Словачка може да им направи ремонт на руските хеликоптери, но санкциите против Москва забрануваат увоз на резервни делови од таму. „Блек хок“ се произведуваат од корпорацијата „Сикорски еркрафт“, филијала на „Јунајтед текнолоџис“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.