Две лица се повредени во тешката сообраќајна незгода која се случи попладнево во 17 часот на булеварот „Борис Трајковски“, кај ресторанот „Везилка“.
Според информациите на СВР Скопје, до сообраќајката дошло при судир на возило „шкода“ и мотоцикл. Возачот на автомобилот и возачот на мотоциклот се повредени и итно пренесени во Ургентниот центар.
Во мометот полицијата врши увид, по што ќе бидат утврдени причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.