| четврток, 6 декември 2018 |

Доживотна казна затвор за напаѓачите на Малала Јусуфзаи

Судот во Пакистан денеска осуди десет талибанци на доживотна казна затвор поради вооружен напад на активистката Малала Јусуфзаи.

Малала, која во конзервативните делови на Пакистан повика на правото на жените на образование, во октомрви 2012 година беше погодена со куршум во глава додека влегувала во училишен автобус по крајот на часовите. Во нападот се повредени уште две девојчиња, пренесува Танјуг.

Откако успешно закрепна, Малала започна кампања за едукација на девојчињата во Пакистан, а минатата година стана најмладиот добитник на Нобелова награда за мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top