| четврток, 6 декември 2018 |

Возете совесно и одговорно за време на празниците!

patarini guzvaРепубличкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, по повод престојните празници, апелира до учесниците во сообраќајот на совесно и одговорно однесување.

-Ги потсетуваме возачите, пред тргнување на пат, задолжително да ја проверат техничката исправност на своите возила. Консумирањето на алкохол и управувањето со возило е неразумна постапка која во најдобар случај ќе ве чини парична казна и времено одземање на возачката дозвола од страна на сообраќајната полиција, а во најлош може да ве чини живот. Заради зголемената фреквенција на сообраќај, особено внимание обратете на почитување на ограничувањето на брзината и на целосната концетрација на патот и сообраќајот. Бидете стрпливи на граничните премини и патарините, и обратете особено внимание на делниците на патиштата на кои се одвиваат градежни работи. Информирајте се добро за состојбата на делницата по која ќе патувате, стои во соопштението на РСБСП.

Мотоциклистите, на почетокот на новата сезона да се потсетат на сообраќајните правила и прописи, особено на ограничувањето на брзината. Без кацига да не седнуваат на мотор, а доколку возат совозач, да обезбедат кацига и за него.

-Апелираме до пешаците и велосипедистите, како најранливи учесници во сообраќајот, да внимаваат и совесно да се однесуваат, бидејки токму тие се најбројните жртви во сообраќајните несреќи, велат од РСБСП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top