| четврток, 6 декември 2018 |

Протест против хомосексуални бракови

Противниците на законот со кој се дозволува брак за сите, односно склучување на браковина лица од ист пол, денес организраат нов протестен собир во Париз, јавува дописникот на МИА од Париз.

Одлуката да се мине по трасата од Ла Дефенс до Шарл Дегол – Етоал, за што учесниците на собирот доцна се известени, е донесе откако префектурата и градот Париз не им дозволи на организаторите на движењето „Манифест за сите” да минат во поворка по авенијата Шанзелизе (Елисејските полиња).

– Ќе има премногу луѓе за да можат да одат во поворка, па учесниците на повеќе места ќе можат да се приклучат на поворката, изјави Фригит Баржо, претседателка на здружението „Ла маниф поур тоус” (протест за сите), којашто ги организира протестите.

Полициските и градските власти на Париз не дозволија протести на Шанзелизе, кои вообичаено не се место за демонстрации. Обично Шанзелизе се место каде се изразува народното славење по претседателски избори или спортски победи. Единствено само по настаните од мај 1968 приврзаниците на Шарл де Гол, како во 1944 продефилираа на авенијата.

На протрстот е најавено присуство на повеќе илјади противниците на истополовите бракови, но според сите проценки тие не ќе успеат да ја достигнат бројката од 340 000 лица како на последната манифестација, која според организаторите собра 1 милион. Полицијата очекува послаб одѕив на протесниот собир и смета на присуство на 150 до 200 илјади луѓе.

На 20-ти февруари претставниците на движењето „Манифестација за сите”, (наречено по аналогија на законот чии автори го нарекуваат „Брак за сите”) пријавиле дека на 24-ти март ќе се одржат масовни демонстрации на Шанзелизе. Два дена подоцна, префектот на полицијата на Париз ги известил дека не е возможно да ја одржат таквата акција на плоштадот Шарл Дегол (во близина на Триумфалната порта), на Шанзелизе или на плоштадот Конкорд. Како причина за одбивањето се наведени близината на важни јавни институции (особено Елисејската палата којашто е резиденција на шефот на државата).

Покрај тоа, како причина да не се дозволи протестот на спомнатите локации наведени се и многуте продавници, големиот број туристи, како и конфигурацијата на околниот терен кој не овозможувал осигурување на безбедноста на луѓето во услови на зголемена закана од терористички напади.

На консултациите префектурата на париската полиција им предложила на организаторите на протестот неколку други можни опции за негово спроведување, но досега не е постигнат договор. Во меѓувреме, претставници на движењето „Манифест за сите” продолжија да со повиците до своите поддржувачи да се соберат на 24-ти март на Шанзелизе.

Противниците на истополовите бракови во недела навечер повторни ќе побараат од социјалистичкиот претседател Франсоа Холанд да го повлече законот кој е пред гласање во Сенатот беше изгласан во Народното собрание, и за тоа прашање да се одлучува на референдум.

Истовремено конзервативната десница, се обидува да го искористи овај протест и да го претвори во народно незадоволство против политиката која ја води претседателот Франсоа Холанд и премиерот Жан-Марк Ејро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top